Top Sport

Покетино се договорил со Милан

Маурисио Покетино, по завршувањето на Светското првенство, ќе стане нов тренер на Милан.

Италијанските медиуми денес потврдија дека Покетино ги прифатил сите услови на Милан, постигнал прелиминарен договор според кој ќе го преземе тимот по Светското првенство со годишена плата од 5.000.000 евра.

Покетино испиша историја со Тотенхем, подоцна не се прослави со Пари Сен Жермен и Челзи, а потоа ја прифати понудата да стане селектор на САД.

Негова главна цел е да ги однесе Американците што подалеку на Светското првенство, кое го организираат заедно со Канада и Мексико.

По Мунијалот, Аргентинецот ќе има уште една тешка задача, да го врати Милан во врвот на Серија А, што значи и пласман во Лигата на шампионите.

Милан неодамна се раздели со Масимилијано Алегри поради катастрофалниот финиш на сезоната, поради што откази добија и сите директори.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');