Фудбалскиот клуб Тотенхем има желба да го врати во клубот тренерот Маурицио Покетино. „Атлетик“, тврди, дека газдата на Тотенхем, Дниел Леви, ги започнал преговорите со аргентинскиот тренер.
Поктино, пред шест месеци седна на клупата на ПСЖ, меѓутоа откако не успеа да ја одбрани титулата во Франција и испадна во полу-финалето во Лигата на шампионите, неговите позиции во клубот сериозно се разнишани.
Покетино со ПСЖ го освои само Купот на Франција. Овој трофеј е засега единствен во неговата кариера.
Маурицио Покетино, имаше пет успешни години во Тотенхем, во 2019 година играше во финалето во Лигата на шампионите.