Во Англија веруваат дека менаџерот на Тотенхем Маурицио Покетино имал желба да го напушти клубот од Лондон, но тој нема да поднесе оставка и покрај тоа што тимот лошо игра во Премиер лигата и Лигата на шампионите.
Медиумите пренесуваат дека Покетино ќе ја чекал реакцијата на претседателот Даниел Леви, бидејќи во договорот имал клаузула која го штитела од отказ. Доколку Тотенхем му врачат отказ на Аргентинецот ќе треба и да му исплатат 35 милиони евра.
Тотенхем во првите седум кола во Премиер лигата освоиле 11 бода и се наоѓаат на петтото место на табелата, а дебаклот од Баерн (2:7) во Лигата на шампионите само ги потврди шпекулациите дека „атмосферата во Тотенхем не е добра“.
Покетино е во Тотенхем од 2014 година. Минатото лето за неговите услуги се интересираа Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус…