Top Sport

Вака лош Јунајтед немало неколку децении

Поранешниот англиски репрезентативец Мајкл Овен се приклучи кон оние што ја критикуваат играта на Манчестер Јунајтед.

Од заминувањето на Алекс Фергусон, се чини дека ова може да биде најлошата сезона на славниот клуб во поновата историја. Играчите на Оле Гунар Солскјер се наоѓаат на десеттото место во Премиер лигата, а во Лига Европа имаат четири бода во првите две кола, со само еден постигнат гол.

Овен гостувал во „БТ Спорт“ и одговорил на прашањето дали во овој момент Јунајтед припаѓа во средината на табелата во Премиер лигата.

„Да. Таму се каде што им е местото. Мислам дека оваа сезона нема да бидат меѓу првите шест тима“, рекол Овен и продолжил.

„Мислам дека е поголема веројатноста да бидам меѓу првите десет, а не меѓу последните десет, но загрижува фактот дека разговараме на оваа. Ова е најлошиот Манчестер Јунајтед во последните неколку децении. Полош и од времето пред Фергусон. Ова трае со години. Пет, шест, седум години мислите дека полошо не може, но изгледа дека може и полошо. Сакам да кажам дека Солскјер на многу начини го ослаби тимот. Дозволи да заминат Лукаку, Ерера, Дармијан, Санчез. Тој знае дека со тие играчи ќе можеше да го подобри тимот. Мислам дека тој има став дека мора да направи неколку чекори назад за потоа да можете да напредувате“, рекол Овен.

Scroll to Top