Фудбалерите на Манчестер сити во сабота ќе играат против Интер за титулата во Лигата на шампионите. Финалето би можело да биде последениот натпревар за капитенот Илкај Гундоган во дресот на Сити. Неговиот договор истекува на крајот од сезоната.
Постои можност, но засега никој не може да гарантира дека тој ќе остане на „Етихад“. За неговите услуги има неколку заинтересирани клубови.
Неговиот вујко и агент Илхан Гундоган ги отфрли сите медиумски шпекулации и изјави дека по финалето ќе размислува каде ќе игра наредната сезона.
Во моментов има повеќе опции, а најчесто се споменува во контекст на преселба во Барселона. Тој договор може да пропадне доколку Барса го врати Лионел Меси, истакнуваат шпански извори.
Заинтересиран за него е и Арсенал, но и Милан, а наводно има понуда и од Саудиска Арабија.