Легендарниот англиски фудбалер Пол Гаскоњ беше гласно поздравен од фановите на неговиот поранешен клуб Глазгов Ренџерс, откако влезе во игра и постигна апсолутно смешен гол при 2:3 поразот на дуелот со „Светските легенди“ на „Ајброкс“.
Во добротворен меч, покрај Гаскоњ за Ренџерс играа и Јорг Алберц, Роналд де Бур, Бери Фергусон и актуелниот менаџер на тимот Џовани ван Бронкхорст, додека од другата страна беа имиња како Луиш Фиго, Клод Макалеле и Георге Хаџи.
Гаскоњ, со малку помош од противничкиот тим, постигна апсолутно смешен гол за овации од верните фанови.
? An unstoppable strike from Gazza!#WeAre150 pic.twitter.com/zQD7mjOoRo
— Rangers Football Club (@RangersFC) March 26, 2022