Еден Азар, вчера беше прогласен за најдобар играч во Лига Европа во минатата сезона. Дилемата е зошто тој ја доби наградата бидејќи единствен натпревар што го одигра од почеток до крај беше финалниот со Арсенал.
Новиот играч на Реал Мадрид, во текот на сезоната во Лига Европа, одиграл само една третина од минутите. Факт е дека блескаше во финалето против Арсенал (4-1), постигна два и ги намести останатите два гола.
Многумина очекуваа дека наградата ќе ја понесе еден од двајцата најдобри стрелци Оливие Жиру од Челси или Лука Јовиќ кој минатата сезона играше во Ајнтрахт од Франкфурт.