Виктор Осимен е ѕвезда на Наполи и италијанската Серија А и еден од најдобрите напаѓачи во светот. Клубот од Неапол го донесе од Лил во 2020 година во трансфер за кој се тврди дека е вреден 71,2 милиони евра. Таа зделка сега е под истрага на финансиската полиција.
24. годишниот Осимхен одигра 38 натпревари за Лил и на нив постигна 18 гола пред Наполи да го реализира трансферот.
Наводниот проблем е што нешто повеќе од 20 милиони евра е „измислена“ вредност на четворицата играчи кои беа испратени во спротивна насока за да се намали сумата што Наполи требаше да ја плати за нигерискиот напаѓач.
Финансиската полиција на Италија, го посетила Турис, клуб кој се натпреварува во Серија Ц и таму биле земени потребните документи поврзани со Клаудио Манци. Се работи за еден од четворицата фудбалери чија вредност била „напумпана“. Останатите се Луиџи Лигуори, Чиро Палмиери и Орестис Карнезис.
Манци беше испратен во Лил за четири милиони евра, но тој всушност никогаш не стигна до Лил. Уште пред да пристигне во Франција, тој беше испратен во Ферманаг, а 12 месеци подоцна Лил го отпушти како слободен агент. Потоа дојде во Турис, а година и пол подоцна беше продаден на Виртус Ентела. Тој трансфер изнесуваше 120.000 евра.
Со 21 гол на 23 одиграни натпревари, Осимен е водечки стрелец во Серија А.