Поради очајните игри на Јувентус, полицијата мораше да реагира за да го заштити тренерот Масимилијано Алегри. Навивачите на „стратата дама“, збеснаа по поразот од дебитантот Монца во 7. коло од Серија А.
Тимот на Алегри игра ужасно од почетокот на сезоната и затоа резултатите се исклучително лоши, ситуацијата во која се наоѓа клубот кулминараше во Монца.
Allegri raggiunge gli spogliatoi scortato immagini #sportitalia @tvdellosport Disastro Juve pic.twitter.com/3d0KIweZa2
— Michele Criscitiello (@MCriscitiello) September 18, 2022
Навивачите на „старата дама“ за време на мечот го пцуеја и навредуваа Алегри, кој поради суспензијата го следеше натпреварот од ложата, а не од клупата.
По натпреварот тој под полициска придружба мораше да оди во соблекувалната. Безбедносната проценка беше дека тој е во опасност од навивачите на неговиот клуб.
The Juventus players went to the curva to apologise to the fans pic.twitter.com/FH58Qd5ZwO
— Italian Football News ?? (@footitalia1) September 18, 2022
Тоа не беше се што се случи во текот на третото полувреме, бидејќи, како што пренесуваат италијанските медиуми, навивачите ги построиле фудбалерите по дебаклот во Монца.
По седум кола од домашното првенство, Јуве има само десет освоени бода и се наоѓа на осмото место, додека во првите две кола во Лигата на шампионите доживеа два порази.
Important gesture from Danilo ahead of Juve’s match v Monza: he went to salute and speak with the travelling fans. #Juventus [@robyanconero] pic.twitter.com/l0XSjm5RXU
— Italian Football News ?? (@footitalia1) September 18, 2022