Top Sport

Полицијата ја растурила роденденската забава на Лукаку

Полицијата, во раните утрински часови, ја прекинала роденденската забава на Ромелу Лукаку. „Кориере дела Сера“, пипува дека 28 роденден Лукаку го славел во еден хотел во центарот на Милано.

Забавата започнала по победата над Рома (3:1). По претходна пријава, полициските службеници влегле и ја прекинале забавата во 3 часот. Заедно со Лукаку биле уште 23 лица. Сите гости на забавата и управителот на хотелот ќе треба да платата казни за непочитување на епидемиолошките мерки.

Од играчите на Интер на забавата биле присутни Ешли Јанг, Ашраф Хакими и Иван Перишиќ.

Scroll to Top