Top Sport

Политано ја коментираше победата: Важно беше Наполи да им се врати на победите дома

Напаѓачот на Наполи, Матео Политано ја коментираше победата на тимот во натпреварот од 16. коло од Серија А вчеравечер со Каљари (2:1).

– Оваа победа ни значи многу и беше важно Наполи да се врати на победите на домашен терен. Моравме да се испотиме до самиот крај, бидејќи Каљари ни зададе многу проблеми. Осимен е важен играч за нас и сакаше да се врати на теренот. Среќни сме за него, но најмногу се радуваме на победата. Валтер Мацари се обиде да го внесе потребниот ентузијазам во играта, што ни недостигаше. Полека си ја враќаме позицијата, ќе продолжиме да играме и да се бориме за Скудетото, изјави Политано за „Football Italia“.

Наполи со 27 бода од 16 натпревари во моментов е на четвртото место во поредокот во Серија А.

Лидер е Интер со 38 бода од 15 натпревари. Пред наполитанците се уште и Јувентус со 37 бода, и Милан со 29.

Scroll to Top