Ромарио и Бебето, бразилските фудбалски легенди и освојувачи на Светското првенство во 1994 година по многу години го расипаа своето пријателство со јавно препукување во бразилските медиуми околу политиката.
Ромарио, кој е сенатор во Бразил, го поддржува поранешниот претседател, десничарот Жаир Болсонаро, додека Бебето е поддржувач на Луиз Инасио Лула да Силва, актулениот левичарски претседател на јужноамериканската земја.
„Бебето е предавник. Ме предаде во политиката, скокна од својата гранка. Има работи во животот кои сметаш дека ќе ги ценишзасекогаш, во и надвор од политиката. Но, кога ќе се случи тоа со човек со кого си живееел и си бил пријател, навистина е тажно. За жал, тоа е ситуацијата“, изјави Ромарио на подкастот „Чегуеи“.
Бебето одговори така што го нарече Ромарио „себичен и стар“.
„Кој е тој да ме нареува предавник? Ромарио остаре и мислам дека го фаќа склероза, бидејќи кажува многу глупости. Во текот на цела моја кариера во фудбалот и во политиката, никогаш не сум бил дел од контроверзи. Тоа не можее да се каже за него, човек кој секогаш бил себичен. Политиката се прави во групи, а Ромарио секогаш мислел само на себеси“, вели Бебето, кој ги загуби изборите за сенатор откако беше избиран трипати едноподруго.
Ромарио и Бебето играа заедно во 23 меча за Бразил и ниту еднаш не беа поразени.