Top Sport

Полицијата го ослободи киднапираниот еквадорски фудбалер

Фудбалерот од Еквадор, Педро Перлаза (33), кој минатиот викенд беше киднапиран со пријател, беше ослободен во акција на еквадорската полиција. Дефанзивецот на Делфините беше киднапиран откако отишол на забава во северозападниот крајбрежен град Есмералдас. Полицијата успеала да ја лоцира куќата во која биле жртвите и да ги ослободи.

Перлаза има три настапи за еквадорската репрезентација, а во текот на кариерата играше за еквадорските клубови Рокафуерте. ЦД Америка, ЦС Патриа, Петролеро, Кеведо, Макара, Портовиехо, Колон, ЛДУ Кито, Индепендиенте, Аукас и Барцелон СЦ.

Во последниве години, во Еквадор има зголемување на насилните злосторства. Само минатата година се регистрирани повеќе од 7.000 насилни смртни случаи, што е зголемување од речиси 65% во споредба со 2022 година, според извештаите на Националната полиција.

Scroll to Top