Top Sport

Полицијата во Загреб апси навивачи на Динамо поради нередите во Атина

Хрватската полиција уапси девет навивачи на Динамо чија екстрадиција бара Грција. Сите се членови на навивачката група „Бед Блу Бојс“, а се трага по уште едно лице чие име се наоѓа на потеницата.

Петмина од нив биле уапсени вчера, по што биле спроведени во притвор во Оранице.
Против нив, наводно, не била спроведена кривична истрага, туку постапувале согласно европскиот налог за апсење.

Да потсетиме, претходно беше објавено дека од Грција е пристигнато барање за апсење и екстрадиција на споменатите десетмина, кои на 7. август по нередите во Атина, ноќта пред натпреварот со АЕК, побегнаа од земјава. Во тие немири животот го загуби Михалис Кацурис.

Грчката полиција тогаш уапси речиси 100 навивачи на Динамо.

Инаку, „Бед Блу Бојс“, во меѓувреме почнаа да собираат парична помош за одбрана на уапсените навивачи и досега собраа околу 180.000 евра, од кои околу 100.000 веќе се префрлени во Грција.

Дел од парите им биле дадени на адвокатите кои ги бранат уапсените навивачи, а дел им биле испратени на приведените за лични потреби.

Foto/ EPA

Scroll to Top