По третото коло во Серија А, веќе нема тимови со совршен скор, откако Наполи на гостувањето кај Фиорентина одигра реми без голови, со што приклучи на уште пет тима на врвот на табелата (Милан, Лацио, Аталанта, Торино и Рома). Во вториот неделен меч во Серија А, Лече и Емполи исто така ремизираа, овојпат со 1:1.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса од Лучано Спалети во 61. минута од мечот, влегувајќи на местото на Полјакот, Пјотр Зиелински.
Фабијано Паризи ги донесе Емполи во водство во Лече во 23. минута, пред Габриел Стрефеца да израмни во 40. минута. Двата клуба уште ја бркаат својата прва победа во новата сезона.
Standings provided by SofaScore LiveScore