Полска, со Роберт Левандовски на клупата, одигра 1:1 со Русија на пријателски меч во Вроцлав, во првата подготовка за Европското првенство ова лето.
Тимот на Пауло Соуса прв стигна во водство уште во четвртата минута, по една неуспешна офсајд-стапица на Русите, кога Јакуб Швјерчок го совлада лесно Антон Шухин, за во 21. минута, Вјачеслав Караваев да ја искористи забуната пред полскиот гол за да израмни по асистенцијата на Александер Головин.
Русија во сабота ја пречекува Бугарија во вториот тест пред ЕУРО, додека Полска во понеделник го пречекува Исланд за уште еден тест.