Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Полска, Цезар Кулеша, утро на својот профил на „Твитер“, објави дека репрезентацијата нема намера да игра против Русија, во полу-финалниот бараж за пласман на Светското првенство. Неговвиот став го дели и најдобриот полски играч, Роберт Левандовски.
„Време е од зборови да преминеме на дела. Поради агресијата на Русија врз Украина, фудбалската репрезентација на Полска нема намера да го игра баражот против Русија. Ваквата одлука е исправна. Разговараме и со Чешка и Шведска, сакаме заеднички да нашиот став да ги претставиме пред ФИФА“, порачал Кулеша.
„Ова е исправна одлука. Не можам да замислам да играм против Русија, во ситуација кога таа земја води војна во Украина. Фудбалерите и навивачите не се одговорни за она што се случува, но ние не можеме да се преправаме дека се е во ред“, напишал Левендовски.
ФИФА не се огласи по ова прашање, така што Полјаците сами решија како ќе постапат. Полска во првиот бараж меч треба да гостува во Москва на 24.март. Победникот од овој натпревар за пласман на мундијалот ќе игра против подобриот од дуелот помеѓу Шведска и Чешка.