Ждрепката за осминафиналето на Купот на Полска стана хит на Интернет по неверојатниот пропуст на Фудбалската федерација на оваа земја и „недостатокот“ на едно топче.
Генералниот секретар на сојузот, Мацеј Савицки направи вистинска збрка, откако едно топче испадна од стаклото, и тој ја прогласи за „вишок“. Откако на крајот се забележа дека нема „вишок“, тимот на Сласк Вроцлав не можеше да добие противник. Во топчето кое испадна требаше да биде тимот на Легница, но за да се запази коректноста, ждрепката е повторена.
HAHHAAHHAHAHAAHAHAHAHAHAHAHAAHAHAHHAHAHAHAHAH pic.twitter.com/Tk3wSTrAwQ
— Mati (@Czubiniakk) November 8, 2018