Top Sport

Буфон не сака во „пензија“, сака во Бока, во Аргентина

Фудбалската голманска легенда Џанлуиџи Џиџи Буфон нема намера да се „пензионира“ од фудбалот иако има полни 40 години.

Сензационалната вест која наоѓа поткрепа во неговата изјава е дека голманот, кој моментно ги брани боите на француски ПСЖ би можел да се пресели во Аргентина и да заигра за популарниот клуб Бока јуниорс.

Џиџи во интервју за италијански медиум вели дека би потпишал за Бока само поради неговиот пријател, Аргентинецот Карлос Тевез.

„Јас со Тевез сум многу добар пријател, тој е човек кој многу го сакам, во Јувентус беше еден од најголемите лидери. Ако му требам на Тевез, јас сум подготвен да направам таква лудост и да потпишам за Бока, да бранам таму“ – вели Буфон.

Останува да видиме дали Бока ќе покаже заинтересираност за голманот кој сеуште остава без здив со своите бравурозни одбрани.

Scroll to Top