Top Sport

Полската Екстракласа ќе се враќа со публика на трибините

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки потврди дека првата лига на оваа земја, Екстракласа ќе дозволи натпревари со присуство на гледачи од 19 јуни, иако на почетокот ќе има ограничување од 25 отсто од капацитетот на стадионите.

Полската лига се враќа во акција овој викенд, и иако првите кола ќе се играат без присуство на публика, од следниот месец и ова ќе се смени.

„На сите ни е потребен фудбалот и спортот. Ова е важен елемент во нашето враќање во новата нормалност. Затоа им даваме шанса на фудбалските фанови да бидат на стадионот, секако со обезбедување на адекватни безбедносни мерки, кои ќе бидат објавени наскоро“, вели Моравјецки.

Бундеслигата веќе има одиграно три кола по рестартот, а најавено е враќање и на англиската Премиер лига (17 јуни), италијанската Серија А (19 јуни) и шпанската Ла лига (11 јуни).

Scroll to Top