Top Sport

Адеми стрелаше, Динамо со 4:1 го победи Интер Запрешиќ (видео)

Хрватскиот шампион Динамо Загреб се врати во „погон“ со пријателски меч со Интер Запрешиќ, стигнувајќи до убедлива 4:1 победа и покрај тоа што гостите стигнаа први до гол.

На мечот, третиот гол за Динамо го постигна македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, кој е и капитен на „модрите“.

Scroll to Top