Top Sport

Полубратот на Антонио Касано уапсен за грабеж на 30.000 евра

Џовани Касано, проблематичниот полубрат на поранешната фудбалска ѕвезда, Антонио Касано, е уапсен за учество во грабеж на 30.000 евра во Саникардо ди Бари.

Поранешниот фудбалер на Интер, Рома, Сампдорија и Реал Мадрид, нкогаш не криел дека имал тешко детство и дека доколку не бил фудбалот би паднал во „лошо друштво“, како што е случајот со неговиот полубрат 49-годишниот Џовани, за кого ова не е прв проблем со законот.

Полицијата потврди дека Џовани Касано е обвинет за учество во грабеж на еден стан на 10 јуни, кога биле украдени 30.000 евра, како и часовници „Ролекс“ и накит. Антонио и Џовани Касано го делат таткото, кој ја напуштил мајката на Антонио кога фудбалерот бил дете.

Scroll to Top