Манчестер сити и Интер го завршија првиото полувреме во борбата за трофејот во Лигата на шампионите.
Интер не се исплаши од фаворизираниот противник. Впечатокот е дека успеа да го наметне својот ритам. Симоне Инзаги успеа максимално да ја забави играта на Сити. Исто така со пресингот играчите на Интер не им дозволија на противниците да го наметнат својот препознатлив ритам.
Интер без шанса за гол го заврши првиот дел. Манчестер сити имаше една добра шанса, преку Ерлинг Халанд во 27.минута. Неговиот удар од 12 метри го одбрани Андре Онана.
Три минути подцна најдобриот играч на Сити, Кевин Де Брујне се пожали на повреда. Пет минути подцна Белгиецот го напушти теренот.
По првиот дел резултатот е 0:0.