Top Sport

„Помислата да го направите тоа е доволна да бидете легенда“

Џон Тери, легендарниот капитен на Челси, не се сомнева дека неговиот поранешен тим ќе го победи вечерва Јувентус, во Лигата на шампионите. Јувентус има обезбеден пласман во нокаут-фазата, а Челси е блиску до местото во осмина-финалето.

Тери, во интервју за „Гардијан“, открил какво влијание врз неговата кариера имале италијанските дефанзивци.

„Ги проучував Франко Барези и Паоло Малдини. Малди беше мојот идол, се што праваше изгледаше толку лесно. Таков стил нема никој. Џорџо Кјелини и Леонардо Бонучи се најдобрите играчи во својата генерација. Се уште играатм тие се апсолутни легенди“, рекол Тери.

Тери потоа го коментирал прекршокот на Кјелини врз Букајо Сака, во финишот на финалниот меч на Европското првенство.

„Да го направите она што тој му го направи на Сака…тоа не е лесно. Помислата да направиш таков потег е доволна за да те сметаа за легенда“.

Scroll to Top