Top Sport

Мекгрегор не се откажува од кариерата

Конор Мекгрегор, поранешниот ММА шампион во две категории, нема намера да се пензионира. Ирецот сака да добие уште една можност да се бори за титулата во лесна категорија.

Изминатата година е најлоша во кариерата на Мекгрегор. Два пати се бореше против Дастин Поарије и дава пати беше поразен од борецот од Луизијана. Во Јануари во Абу Даби, Ирецот доживеа нокаут во втората рунда, а во јуни докторот ја прекина борбата откако Мекгрегор доживеа фрактура на ногата.

Поарије, по овие две победи, на 11.декември ќе се бори за титулата во лесна категорија. Противник ќе му биде Чарлс Оливера.

„Ќе се борам со шампионот во лесна категорија. Разберете го тоа. Мојата трилогија со Поарије не е завршена. Морате да го разберете тоа“, рекол Мекгрегор.

Scroll to Top