Top Sport

Помошникот на Сампаоли удрил фудбалер, клубот му врачи отказ

Бразилскиот фудбалски клуб Фламенго го отпушти помошниот тренер Пабло Фернандез откако му удрил шлаканица на напаѓачот Педро.

Неколку бразилски медиуми во неделата објавија дека Фернандеш (52) добил отказ по состанокот со клупските челници, но дека и првиот тренер Хорхе Сампаоли може да ја загуби работата поради нападот на неговиот помошник.

Фудбалерот поднел жалба против тренерот поради инцидентот што се случил ден претходно во соблекувалната по првенствениот натпревар.

Педро, кој беше во репрезентацијата на Бразил на последното Светско првенство, на социјалните мрежи тврдеше дека Фернандеш го удрил во уста по победата на Фламенго против Атлетико Минеиро од 2-1.

Напаѓачот потврди дека поднел жалба против Фернандеш и додаде дека имал проблеми со помошниците на Сампаоли.

Претходно во неделата, Фернандеш се извини и рече дека е „многу вознемирен и подготвен да ја реши ситуацијата“ со Педро што е можно поскоро.

Фернандес, како што потсети АП, беше суспендиран од француската Лига 1 во август 2021 година, откако удри навивач за време на тепачка на мечот меѓу Олимпик од Марсеј и Ница.

Scroll to Top