Top Sport

Понеделник е неработен ден во Перу – Репрезентацијата се бори за место на СП

Перуанската влада објави дека понеделник, 13 јуни, ќе биде неработен ден во земјата за сите вработени во јавните служби и јавниот сектор. На тој ден (20 часот) репрезентацијата на Перу во Катар ќе го одигра решавачкиот натпревар за пласман на Светското првенство против Австралија.

Во интерконтинеталните квалификации се игра само еден натпревар. Перуанската влада со овој потег сака да го оживее националниот дух и да им овозможи на сите Перуанци релаксирано и заедно, со семејствата и пријателите да го следат натпреварот.

На оваа одлука на владата се огласи стопанската комора на главниот град Лима, со предупредување дека тоа ќе има многу лошо влијание врз економијата на земјата, која и онака е во огромна криза.

„Не се согласувам. Ние сме оптимистичка влада и веруваме дека победата на Перу и одењето на Светското првенство ќе ја реактивира економијата на нашата земја и ќе го подигне духот на целата нација. Ова го гледаме како можност за зајакнување на националниот идентитет и единство“, рече министерот за култура Алехандро Салас.

Scroll to Top