Top Sport

Савичевиќ со поддршка за руските фудбалери: Гледам дека се повторува 1992 година

Прославениот црногорски фудбалер, Дејан Савичевиќ, во интервју за „Ла Република“, рекол руските спортисти не треба да бидат жртви на одлуките кои ги носи претседателот на државата и дека казните кои ги добиваат се премногу строги.

Савичевиќ истакнал дека најмногу трпат спортистите и покрај тоа што не се виновни. Тој, во интервјуто се присетил на санкциите кои ѝ беа изречени на Југославија во 1992 година, поради што беше дисквалификувана од Европскот првенство во Шведска.

Данска, тогаш, влезе на местото на Југославија и на крајот сензационално ја освои европската титула.

„Спортистите не се виновни. Југославија ова го доживеа во 1992 година“, рекол Савичевиќ.

Тој дополнил дека не ја брани Русија и одлуката на претседателот Владимир Путин да ја нападне Украина.

„Не го бранам Путин, на своја кожа почувствував како е да те исклучат поради некакво политичко решение. Играњето натпревар е порака на мир. Руските фудбалери немаат врска со одлуката на Путин, како што немавме ние никаква врска со војната во Југославија пред 30 години. Гледам дека се повторува ситуацијата која етапно во 1992 година ја доживеаја младите играчи кои добро ги познававте во Италија: Михајловиќ, Југовиќ, Мирковиќ, Ковачевиќ, Мијатовиќ, Саво Милошевиќ. Како фудбалер ми беше одземена можноста да играм на три големи натпреварувања, Европските првенства в 1992 и 1996 година и Светското првенство во 1994 година. Тоа ми беше одземено без причина, само поради политиката, која енма врска со спротот“, порачал Савичевиќ.

Scroll to Top