Top Sport

Понуда што не се одбива, Вагнер го напушти Баерн

Сандро Вагнер го напушти Баерн Минхен, тој кариерата ќе ја продолжи во Кина. 31-годишниот напаѓач денес ќе го потпише договорот со Тианџин Теда.

Вагнер, кој играше добро кај Јуп Хајнкенс, од новиот тренер Нико Ковач речиси и да не доби вистинска шанса во првиот дел од сезоната. Поради тоа искусниот напаѓач решил да замине откако од Кина добил „понуда што не се одбива.

Тианџин на поранешниот две години ќе му испатат 30 милиони евра. Баварците од трансферот на Вагнер ќе заработата пет милиони евра.

Сандро Вагнер, за Баерн одиграл 30 натпревари, на кои постигнал 10 гола. Во првиот дел од сезоната настапил на 12 натпревари и постигнал само еден гол.

Според информациите од Германија, Баерн нема да бара замена за Вагнер.

Scroll to Top