Групацијата „ПЦП“ под водство на Аманда Стевели направи формална понуда за купување на премиерлигашот Њукасл јунајтед за 300 милиони фунти, еден месец откако сегашниот сопственик Мајк Ешли најави дека го продава клубот.
Се верува дека понудата на „ПЦП“ била понудена минатата недела и таа сериозно се разгледува. Доколку биде прифатена ќе се стави крај на 10-годишното владеење на Ешли на „свраките“, откако тој го купи клубот за 134.4 милиони фунти во 2007 година.
Стевели беше на трибините за мечот Њукасл-Ливерпул, кој заврши 1:1, и се верува дека нејзината компанија е единствена со кредибилитет која дала понуда. Новите сопственици би сакале да го добијат правото на именување на стадионот „Сент Џејмс парк“, кој во моментов се нарекува „Спортс дајрект арена“.
Стевели претходно се обидела да го откупи и Ливерпул минатата година, но цената која ја барале американските сопственици била преголема. Се верува дека зад двете понуди стои капитал од Средниот Исток.