Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо ќе остане во Манчестер Јунајтед, иако тоа не е по негова желба. Сепак, за него во клубот не пристигнала ниту една официјална понуда, освен од неименуван клуб од Саудиска Арабија кој нудеше пари за рекорден трансфер.
Роналдо се врати на тренинзите пред самиот почеток на Премиерлигата и јасно е дека и во наредната сезона ќе го гледаме во дресот на Манчестер Јунајтед.
Сезоната во Англија започнува претстојниов викенд, а интересно е дека Роналдо веднаш би можел да биде стартер, затоа што Ентони Марсијал се пожалил на повреда.
Манчестер Јунајтед во првото коло на „Олд Трафорд“ го пречекува Брајтон в недела.