Top Sport

Понудата на Сампдорија за Драговиќ е навреда за Црвена звезда

Александар Драговиќ репрезентативецот на Австрија е еден од најважните фудбалери во тимот на Црвена звезда. Без разлика што има 31 година, неговата вредност, според „Трансфермаркт“, изнесува 5.000.000 евра.

Сампдорија, која од клупата ја предводи поранешниот тренер на Црвена звезда, Дејан Станковиќ, покажува сериозен интерес за искусниот дефанзивец.

Српскиот шампион нема намера да го пушти Драговиќ во зимскиот преоден рок. Тој има договор со Црвена звезда до јуни 2024 година.

И покрај тоа од Сампдроија испратиле понуда за Драговиќ, која во клубот ја протолкувале како навреда.

Српски „Телеграф“, објви дека Сампдорија го бара Драговиќ на позајмица до крајот на сезоната, а потоа на две рати да го откупи неговиот договор за 500.000 евра во случај клубот да исбори опстанок во Серија А.

Според „Телеграф“, Звезда е лута на италијанскиот клуб, но и разочарана од тоа што од клупата го предводи неодамнешниот тренер на „црвено-белите“, Дејан Станковиќ, кој сигурно учествувал во понудата.

Scroll to Top