Секој натпревар помеѓу Реал Мадрид и Барселона пишува ново поглавје од една неисцрпна приказна, а денешниот дуел има посебен аргумент што ќе се памети.
Првиот „Ел Каласико“ во сезоната ќе биде најскапиот натпревар на сите времиња, пишува „Марка“. Натпреварот се игра од 16:15 часот на „Сантијаго Бернабеу“.
22-цата избрани играчи ќе истрчаат на теренот во судир каков што никогаш порано не е виден. Економската сила што ќе се одрази во првото „Ел Класико“, во сезоната поставува нови рекорди.
Комбинираната вредност на почетните единаесет е неверојатни 1.771 милијарди евра, но тоа е само врвот на ледениот брег. Кога ќе се земат предвид комплетните тимови, вкупната вредност се искачува на 2.510 милијарди евра.
Денешното „Ел Класико“, ќе ги надмине сите претходни натпревари и ќе стане најскапиот натпревар во историјата.
Досега, на листата на десетте најскапи натпревари, барем еден англиски клуб учествувал во седум, а Реал Мадрид се појавува дури осум пати. Барселона, од друга страна, е двапати на таа листа. По денешниот дуел, два шпански гиганти ќе бидат заедно на врвот.
Најскапи натпревари досега:
Реал Мадрид – Барселона, Суперкуп на Шпанија 2025: 1.670 милијарди евра
Манчестер Сити – Реал Мадрид, Лига на шампиони 2024/25: 1.670 милијарди евра
Реал Мадрид – Арсенал, Лига на шампиони 2024/25: 1.640 милијарди евра
Реал Мадрид – Манчестер Сити, Лига на шампиони 2023/24: 1.620 милијарди евра
Арсенал – Реал Мадрид, Лига на шампиони 2024/25: 1.630 милијарди евра
ПСЖ – Реал Мадрид, Светско клупско првенство 2025: 1.610 милијарди евра
Манчестер Сити – Реал Мадрид, Лига на шампиони 2023/24: 1.580 милијарди евра
Манчестер Сити – Арсенал, Премиер лига 2023/24: 1.580 милијарди евра
Реал Мадрид – Барселона, Ла Лига 2024/25: 1.540 милијарди евра
Ливерпул – Манчестер Сити, Премиер лига 2020: 1.530 милијарди евра
Специјализираниот сајт за фудбалски трансфери „Трансфермаркт“ неодамна објави анализа на пазарните вредности во Ла Лига, истакнувајќи го падот на вредноста на Винисиус, кој му го отстапи првото место на Ламин Јамал. Бразилецот падна од 200 милиони евра во декември 2024 година на сегашните 150 милиони.
Сепак, доминацијата на „кралскиот клуб“ е забележителна. Чаби Алонсо би можел започне со тим вреден речиси една милијарда евра: Куртоа (20 милиони), Карвахал (8 милиони), Милитао (30 милиони), Хаусен (70 милиони), Карерас (50 милиони); Чуамени (75 милиони), Арда Гулер (60 милиони), Валверде (130 милиони); Белингам (180 милиони), Винисиус (150 милиони) и Мбапе (180 милиони).
Вкупната вредност е 953 милиони евра, со акцент на средниот ред и нападот.
Од друга страна, почетниот состав на Барселона има малку пониска пазарна вредност, со фокус на талентите во подем.
Очекуваниот состав вреди 736 милиони евра: Шчесни (1 милион); Ерик Гарсија (25 милиони), Араухо (35 милиони), Кубарси (80 милиони), Балде (60 милиони); Педри (140 милиони), Де Јонг (45 милиони), Фермин (60 милиони); Јамал (200 милиони), Феран (50 милиони) и Рашфорд (40 милиони).
