Top Sport

„Поради Белингем ќе заврне дожд од милиони евра во Дортмунд“

Шпанските медиуми најавуваат огромен паричен бонус за Борусија Дортмунд поради настапите на Џуд Белингам оваа сезона.

Белингем блесна во својата прва сезона во Реал Мадрид, како најдобра стрелец го предводи тимот до титулата во Ла Лига и полуфиналето на Лигата на шампионите.

20-годишниот Англичанец минатото лето пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ за 103 милиони евра, но трансферот може да се зголеми поради одредени бонуси.

„Ќе заврне дожд од милиони евра во Дортмунд“, пренесува весникот „АС“.

Наводно, преку дополнителни бонуси за постигнати голови, индивидуални и клупски трофеи, Борусија би можела да заработи уште 30 милиони евра.

Белингем постигна 17 гола со четири асистенции на 25 натпревари во Ла Лига. Во сите натпреварувања, Англичанецот постигна 21 гол на 36 натпревари со десет асистенции.

„АС“, наведува дека ова ја зголемува вкупната сума на трансферот, која може да се зголеми во зависност од минутите што ќе ги одигра Белингем до крајот на сезоната и можниот избор во идеалните тимови во Ла Лига и ЛШ.

Белингем, во понеделникот стана лауреат на Лауреус, добивајќи ја наградата за „Пробив на годината“.

„АС“, во својот текст посочува дека германскиот клуб исто како и мадриѓаните го слави секој негов настап, гол, асистенција…

Scroll to Top