Top Sport

Поради докторот „пукнала тиквата“ помеѓу ПСЖ и Нејмар

Нејмар бара начин да замине од ПСЖ, а клубот не се противни на неговата одлука, ќе го пуштат да си оди но не за помала сума од 200 милиони евра. „Лекип“, во вторникот, открива каде „пукнала тиквата“ во односите помеѓу играчот и клубот.

Љубовта меѓу двете страни започнала да се распаѓа на 23 јануари кога Нејмар се повредил во првенствен натпревар. Фудбалерот и неговиот татко инсистирале за неговата рехабилитација да се грижи докторот на бразилската репрезентација, додека од ПСЖ инсистирале тоа да бидат клупските доктори.

На крајот победиле Нејмар и неговиот татко. Докторот Родриго Ласмар извршил и лесен оперативен зафат и тогаш започнале сите проблеми.

Шрафот кој бил поставен во петицата на фудбалерот за да ја зајакне метатарзалната коска бил краток, поради што била извршена уште една операција. Таа операција го оддалечи Нејмар од фудбалските терени до крајот на сезоната.

Според луѓето од ПСЖ, целта на Бразилецот била тој да биде подготвен за настап на Копа Америка 2019, односно него не го интересирале целите на клубот. Во меѓувреме Нејмар се повреди уште еднаш и поради таа повреда тој не играше на Копа Америка која заврши со триумф на Бразил.

Големо прашање е што ќе се случи со Нејмар кој со ПСЖ има договор до јуни 2022 година. Според медиумите интерес за него постои кај неколку клуба, но сите тие биле подготвени да понудат пари и фудбалери, никој не сака да ја исплати целта сума што ја бараат од ПСЖ.

Едно е сигурно, сагата Нејмар продолжува…

Scroll to Top