Top Sport

Савиќ до српските ватерполисти: Ги соблековме гаќите, сега ќе не е..т

Ватерполистите на Србија испаднаа од борбата за медали на Светското првенство во Јужна Кореја. Подмладената селекција на Србија, без седум играчи, во четврт-финалето е поразена од Шпанија 9-12.

Србите натпреварот го загубија во првото полувреме, а клучна беше втората четвртина во која Шпанците во еден момент имаа предност 1-6. Во тие момент на клупата дивееше српскиот селектор Дејан Савиќ.

„Сјајно ги соблековме гаќите и сега така ќе не е..т, што ќе биде страшно! Или ќе се помириме и ќе ги оставиме да не е..т или ќе почнеме да играме. Ало! Па добро, дали сте вие нормални?“, им викал Савиќ на своите играчи.

Во второто полувреме Србите одиграа подобро, се доближија на три разлика, но немаа сили за нешто повеќе.

Инаку, Савиќ со подмладена селекција игра на СП бидејќи минатиот месец со победата во Светската лига Србите обезбедија пласман на Олимписките игри во Токио наредната година.

foto/epa

Scroll to Top