Top Sport

Поради ликот на Хитлер прекинат натпревар во Судан (Видео)

Вистински хаос е виден на натпревар во фудбалскиот шампионат на Судан. Светот е згрозен од кореографијата со ликот на Адолф Хитлер која ја приредија на навивачите на Ал-Хилал Омдурман.

„Холокауст“, пишувало на транспарентот кој е истакнат со ликот на нацистичкиот злосторник Хитлер.

Полицијата веднаш реагирала, натпреварот бил прекинат, а играчите шокирани од настанот се засолниле во соблакувалните. Натпреварот, откако бил отстранет спорниот транпарент продолжил.

Суданскиот клуб се соочува со жестока казна, ФАРЕ веќе извести дека покренале истрага.

Scroll to Top