Top Sport

Поради правило старо 60 години Англичаните нема да го гледаат Ел класико

Еден од најголемите натпревари во светот, дуелот помеѓу Реал и Барселона нема да се пренесува во Англија.

Поради правило старо над 60 години, фудбалските фанови на Островото нема да го гледаат Ел калсико.

Имено, Ел класико нема да се емитува поради законот кој забранува пренос на фудбалски натпревари во периодот од 14:45 до 17:15 часот по локално време.

Дуелот во Шпанија започнува во 15 часот и 15 минути, а крајот е некаде околу 17 часот и 15 минути, што се поклопува со натпреварите од Премиер лигата кои ќе започнат во 15 часот по локално време.

„Разочарани сме. Британските навивачи нема да можат да го гледаат Ел Класико или дебито на Белингем овој викенд поради самонаметнатото правило на Британија да нема фудбал во сабота од 14.45 часот. Иако целосно ги поддржуваме мерките за промовирање на присуството на англиските стадиони, ние веруваме тоа треба да се ограничи на националната фудбалска телевизија, а не на натпревари во странство“, порача генералниот директор на Ла Лига за Велика Британија и Ирска, Киган Пирс.

Scroll to Top