Top Sport

Поради превисоката плата Јуве ќе го продава Арон Ремзи

Јувентус се подготвени да го продадат Арон Ремзи само една година откако пристигна во Торино, како прва жртва од обидот на клубот да ги намали трошоците по финансискиот удар од кризата со корона вирусот.

За Велшанецот се заинтересирани неколку клубови од Премиер лигата, вклучувајќи го и Манчестер јунајтед. 29-годишниот Ремзи заработува над 400.000 фунти неделно во Италија, но се мачеше со повреди и не стана клучен член на тимот на Маурицио Сари со само девет старта.

Доколку се врати во Англија, тој нема да може да смета на иста плата, така што можно решение е Јувентус да го позајми и да плаќа дел од неговата плата.

Scroll to Top