Top Sport

Ф1 се откажува од традиционалните прослави на подиумот

Спортскиот директор на Формула 1, Рос Браун потврди дека оваа сезона во спортот нема да ги има традиционалните прослави на подиумот при рестартот на сезоната во Австрија следниот месец.

ФИА, Ф1 и тимовите се обидуваат да ги утврдат деталните протоколи за трките за да се почитуваат правилата за социјално дистанцирање, така што сите церемонии пред и по трката ќе бидат сосема различни од вообичаената пракса.

„Поради имплементацијата на процедурите, мораме да бидеме безбедни од КОВИД-19. Практиката која ја имавме во минатото не може да е изведе. Секој аспект од пристигнувањето до заминувањето од патеката мора да биде промислен и уште го немаме целиот протокол. Јасно е дека славењето на подиумот не може да се оствари, но разгледуваме други опции по трката. Можеби болидите ќе се наредат на патеката и возачите ќе стојат до своите болиди. Не можеме да ги доделуваме трофеите, но ќе видиме како ќе ги презентираме на ТВ“, вели Браун.

Scroll to Top