Top Sport

Поради расистичките коментари на сопругата Катаи ќе добие отказ во ЛА Галакси

Александар Катаи, играч на Лос Анџелес Галакси, може да добие отказ во клубот поради расиситичките коментари на неговата сопруга Теа.

Во САД девет дена траат протестите поради убиството на Џорџ Флојд. Флојд е убиен во Минеаполис од страна на полицаец.

Поради тоа луѓето протестираат во голем број на градови во САД. Протестите често се насилни, демонстрантите вршат грабежи по продавниците и влегуваат со судири полицијата.

На „Инстаграм“ Теа Катаи напишала: „Убиј ги го….а“ и „Важни се Најки патиките“ (алудирајќи дека луѓето ограбуваат продавници).

Поради нејзините коментари се огласија нејзиниот сопруг и фудбалскиот клуб Лос Анџелес Галакси.

„Објавите на социјалните мрежи се неприфатливи. Не делам таткви погеди кон светот, тоа не се толерира во моето семејство. Го осудувам расизмот, насилството против луѓето со поинаква боја на кожата. Ова е грешка на моето семејство и ја преземам одговорноста. Ќе се погрижам јас и моето семејство да преземемем важни чекори за да научиме да ја разбереме и слушнеме црномурната заедница. Јасно ми е дека ќе треба да помине некое време за повторно да ја заслужам довербата на луѓето од Лос Анџелес. Подготвен сум да научам од овие грешки, подготвен сум напорно да работам и да станам подобар сојузник и застапник во борбата за еднаквост. Жалам поради болката која му е нанесена на Лос Анџелес и на сите кои се борат против расизмот“, рекол Катаи.

Во соопштението на Лос Анџелес Галакси се наведува.

„Дознавме за серијата на расистички испадни и навреди што ги имаше Теа Катаи на социјалните мрежи. ЛА Глакси ги осудува ваквите објави, побаравме тие да бидат тргнати. ЛА Галакси е против расизмот, во четврток имаме состанок со Александар Катаи ќе видиме како ќе продолжиме понатаму“.

Според медиумите ова соопштение на клубот може да значи дека Катаи ќе добие отказ во ЛА Галакси.

Scroll to Top