Британската влада го замрзна имотот на Роман Абрамович. Санкциите најмногу ќе ги почувствува фудбалскиот клуб Челси. Клубот нема да може да продава или купува фудбалери, мора да ги затвори клупските продавници, не може да продава влезници. Исто така ограничени се трошоците за патувањата, не смеат да потрошат повеќе од 20.000 фунти по натпревар.
Најмногу од санкциите ќе бидат разочарани навивачите. Само оние кои имаат сезонски билети, и оние кои набавиле влезници до 10.март ќе можатд а го следат својот омилен тим.
Ограничените трошоци за патувањата ќе бидат проблем доколку Челси избори пласман во четврт-финалето во Лигата на шампионите.
Најголем проблем ќе претставува забраната за трансфери. Ова значи дека петмина играчи сигурно ќе заминат од клубот.
И доколку биде постигнат договор со Антонио Ридигер и Сесар Аспиликуета, чии договори истекуваат за некој месец, тие нема да можат да бидат потпишани, што значи дека ќе го напуштат „Стенфорд Бриџ“.
Исто така клубот ќе го напушти Саул Нигез, кој е позајмен од Атлетико Мадрид. Челси и да сакаат нема да можат да го откупат неговиот договор.