Top Sport

Поради „случајот Максимов“, ФИФА жестоко го казнува Вардар

Една по друга се редат лошите вести за фудбалскиот клуб Вардар. Откако Фудбалската федерација на Македонија на нашиот најтрофеен клуб не му издаде лиценца за настап во натпреварувањата што ги организира УЕФА, нов удар за клубот доаѓа од ФИФА.

Светската фудбалска организација ќе му забрани на Вардар во наредните два преодни рока да реализира трансфери. Ова го тврдат од фудбалскиот клуб Тракаи од Летонија, а е поврзан со „случајот Максимов“.

Рускиот напаѓач Максим Максимов во 2017 година замина од Тракаи и се пресели во Вардар. Летонците го оспорија трансферот и го тужеа Вардар, со образложение дека тие не биле, а морале да бидат вклучени во преговорите, бидејќи Максимов бил под договор.

Максимов не ги оправда очекувањата, во зимскиот преоден рок го напушти Вардар и се пресели во екипата на Рига.

Забраната за трансфери ќе претставува сериозен удар за Вардар, во ситуација кога клубот се соочува си сериозни финансиски проблеми. Ова значи дека Вардар наредната сезона ќе мора да се потпре на играчи од својот младински погон што на нула ќе и сведат амбициите за висок пласман.

foto/ fkvardar.mk

Scroll to Top