Top Sport

„Поради Вирц, веројатно ја добив работата во Реал“

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, во уперлативи зборуваше за својот поранешен играч, Флоријан Вирц, кој сè уште не не може да се снајде во Ливерпул, откако две сезони блескаше во Баер Леверкузен.

Баер во сезоната 2023/24 ја освои двојната круна под водство на Алонсо, со напомена дека стигна до титулата во Бундеслигата без пораз.

Вирц постигна 18 гола и 20 асистенции во сите натпреварувања таа сезона и беше прогласен за најдобар играч во Бундеслигата. Германскиот репрезентативец постигна 34 гола и 35 асистенции во последните две сезони во Баер.

Ова лето, тој се пресели во Ливерпул, кој плати 125 милиони евра за неговите услуги. Тој забележа три асистенции во 14 натпревари во англиската лига, но сè уште не се запиша меѓу стрелците.

„Доаѓањето во Ливерпул е голема промена за него и му треба време да се адаптира. Тој е посебен играч, има квалитет, карактер и е многу конкурентен. Веројатно поради него ја добив работата во Реал, и многу му сум благодарен“, рече тренерот на Реал пред вечервашното гостување кај Ливерпул во Лигата на шампионите.

Алонсо знае за што зборува бидејќи помина пет години како играч во Ливерпул, во кариерата одиграл 210 натпревари за „црвените“.

Scroll to Top