Обвинителот на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), ќе побара долги суспензии за Пепе Реина, Паоло Канаваро и Салваторе Ароника поради дружењето со членовите на наполитанската мафија.
Тројцата фудбалери се обвинети дека имаат врски со Камора, неславната мафија од Неапол, а се бранат дека само биле запознаени со луѓето поврзани со мафијата на забавите и спонзорските случувања без да ги знаат нивните идентитети.
Канаваро, кој веќе се пензионираше од фудбалот и сега е помошник на неговиот брат Фабио, кој е тренер на кинескиот клуб Гуангжу Евергранде, го очекува 10-месечна суспензија, Ароника би добил четири месеци, а голманот Реина три. Ситуацијата е полоша за Канаваро, бидејќи наводно членови на Камора ја користеле неговата кредитна картичка и добиле на подарок два билети за Наполи.
Реина е обвинет за чести средби со двајцата членови на Камора, но голманот кој замина во Милан, инсистира дека мислел дека се работи за спонзори на клубот.
Тимскиот менаџер на Наполи, Де Матеис би добил четиримесечна казна.