Top Sport

Порака до ПСЖ: Земете си Хрват ако сакате трофеј од ЛШ!

Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) по победата на Баерн Минхен од 1:0 над Пари Сен-Жермен во финалето на ЛШ во неделата им порача на ПСЖ дека не го следат едноставниот рецепт за успех – немаат хрватски репрезентативец во тимот.

Иван Перишиќ беше дел од тимот на Баерн Минхен за да ја продолжи низата на хрватски репрезентативци кои го кренале најелитниот клупски трофеј во историјата, која трае од 2013 година.

Таа година, Марио Манџукиќ го крена трофејот со Баерн, по што во 2014 тоа му успеа на Лука Модриќ (Реал Мадрид), во 2015 на Иван Ракитиќ (Барселона), па Модриќ и Матео Ковачиќ три години во низа (Реал Мадрид), за лани тоа да му успее на Дејан Ловрен и Ливерпул.

„Еј, Пари Сен-Жермен, изгледа постои рецепт за освојување на Лигата на шампионите! Зошто да не и хрватски репрезентативец овој преоден рок“, напишаа од ХНС.

Scroll to Top