Поранешниот репрезентативец на Камерун, Алекс Сонг, го изненади фудбалскиот свет со својот најнов трансфер. Поранешниот фудбалер на Барселона и Арсенал, кариерата ќе ја продолжи на африканскиот континент, во Џибути.
Алекс Сонг (33), потпишал договор со фудбалскиот клуб Арта Солар 7.
Камерунецот, претходно настапуваше во Сион, но поради пандемијата на коронавирусот и прекинот на сезоната во Швајцарија, тој спогодбено се раздели со клубот.
Иако имал неколку опции, тој изненадувачки се решил да ја прифати понудата од Џибити. Со клубот од оваа земја тој потпишал едногодишен договор, со можност истиот да биде продолжен на уште една година.
Алекс Сонг од 2006 до 2012 година играше во Арсенал, а потоа за 15.000.000 фунти се пресели во Барселона.