Поранешниот фудбалер на Бока Јуниорс Гиљермо Марино деновиве се наоѓа во центарот на вниманието откако неговиот соиграч Густаво Лоренцети раскажал една интересна анегдота.
Лоренцети раскажал дека за да го оправда доцнењето на тренинг, Марино рекол дека бил киднапиран од вонземјани.
„Ни раскажа се на што се сеќава. Постојат играчи кои велат: ‘заминав и се вратив два дена подоцна, ме грабнаа вонземјани’, но Гиљерме не е таков, тој беше коректен тип сите тоа го знаеја. Започна да ни објаснува дека го киднапирале вонземјани. Ни објасни дека тие му ја извадиле душата и додека траело патувањето извршиле анализа. Ни даде сјајно обајснување, мораме да му веруваме. Јавете му се тој ќе ви објасни многу подобро. Во секој случај бил киднапиран од вонземјани“, рекол Лоренцети.
Тренер на Бока Јуниорс во тој период бил славниот Хорхе Сампаоли, Лоренцети не е сигурен дека Марино истата приказна му ја раскажал и на тренерот.
„Да бидам искрен не знам дали се му раскажа. Сигурно разговараа, но познавајќи го Гиљерме, мислам дека и тренерот му поверува. Ова треба да излезе на Дискавери“, заклучил Лоренцети.
Марино денес има 39 години, кариерата ја заврши во 2015 година. Дресот на Бока Марино го носел во периодот од 2005 до 2010 година.
Ex-Boca star Guillermo Marino claimed he was late to training because he was abducted by aliens, according to former team-mate Gustavo Lorenzetti:
"He explained that they take out your soul, analyse it and all the while on the journey they are looking after you."
??? pic.twitter.com/FtaYSxvlIS
— Goal (@goal) June 15, 2020