Top Sport

Братот на Тони Паркер ќе го тренира АСВЕЛ

Теренс Џонатан Паркер е нов тренер на кошаркарскиот клуб АСВЕЛ од Вилербран. Теренс е брат на легендата на Сан Антонио Спарс и Франција, Тони Паркер, во чија сопственост се наоѓа клубот.

АСВЕЛ остана без тренер откако клубот ја раскина соработката со поранешниот селекстор на Црна Гора Звездан Митровиќ.

Помладиот брат на Тони Паркер, Теренс Џонатан бил асистент во клубот од 2018 година. Сопственикот Тони решил да не бара нов тренер кога ја раскина соработката со Митровиќ, туку задачата му ја довери на својот брат.

Теренс Џонатан Паркер е поранешен кошаркар, во кариерата настапувал во Париз, Нанси и АСВЕЛ.

Тони и Теренс имаат уште еден брат, Пјер Паркер.

Scroll to Top