Поранешниот фудбалер на Барселона, Карлес Перез, беше хоспитализиран, по бизарен инцидент. Куче го каснало за гениталиите додека го шетал својот миленик.
Перез, играч на Арис од Солун, бил во прошетка кога неговиот миленик бил нападнат од друго куче. 27-годишникот се обидел да ги раздели, во обид да спречи евентуални повреди, но наместо тоа, тој го извлекол подебелиот крај.
Се здобил со длабока рана во препоните, откако кулето скитник го каснало за гениталиите. Итно бил префрлен во болница и, како што е наведено, е во сериозна состојба.
Информациите од Солун покажуваат колку е сериозна ситуацијата, според кои лекарите размислуваат за можна операција за санирање на штетата.
Во меѓувреме, успеаја да го стабилизираат, но иако неговиот живот не е загрозен, состојбата на фудбалерот Арис е опишана како сериозна.
Перез кариерата ја започна во колата на Барселона. Дебитираше за првиот тим во сезоната 2019/2020, одигра 11 натпревари и постигна еден гол. Следеа периоди во Рома и Селта, а потоа и траен трансфер во клубот од Виго. Потоа помина една година во Хетафе, а оваа сезона беше позајмен на петтопласираниот тим од грчката Суперлига, Арис.
Фото/ Принскрин